Во „Скопје сити мол“ по повод 8 Март се одржаа денови на книгата
Во пресрет на 8 Март, Македонијата асоцијација на издавачи организираше Денови на книгата во „Скопје сити мол“. Под слоганот „Ние можеме“ од 3 до 8 март нашите издавачи им овозможија на скопјан(к)и по повод Денот на жената да си купат подарок книги за себе или за своите блиски жени.
На тој начин МАИ го одбележи 8 март онака како што заслужува – славејќи ја борбата за рамноправност на жената со симболот на еманципацијата: КНИГАТА!