Членството на Македонската асоцијација на издавачи во моментов брои 12 издавачки куќи: „Три“, „Арс ламина“, „Полица“, „Култура“, „Антолог“, „Ѓурѓа“, „Топер“, „Сакам книги“, „Бата прес“, „Едука мак“, „Мартина“ и „Паблишер“. МАИ е расположена за ширење на своето членство со цел групирање на издавачите и книжарите за организирано заедничко дејствување и полесно остварување на заедничките интереси.