МАИ ги додели своите признанија за издаваштво на Саемот на книгата 2020
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по тридневно разгледување на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на вчерашниот состанок донесе Одлука за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2019 и септември 2020 година.
1. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА
(основен критериум e уредничкиот пристап и унифицираност на едицијата, но и естетиката)
I место: едицијата „Македонски книжевни класици“ – Петре М. Андреевски („Арс ламина“)
II место: едицијата „Магични приказни“ (Три)
III место: едицијата „МК сликовници“ (Антолог)
2. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКИ УРЕДЕНО ИЗДАНИЕ
(награда за оригинален дизајн на корица и/или внатрешно уредување)
I место: едицијата „Македонски книжевни класици“ – Петре М. Андреевски (Арс ламина)
II место: е-книгата „Шах со Бах“ од Владимир Мартиновски, илустрирана од Зоран Кардула (Чудна шума)
III место: сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов (Арс ламина)
3. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
(оригинални изданија или адаптации за кои бил вклучен издавачот)
I место: „Мочурливци“ од Барбара Симонити, со илустрации на Петар Шкерл, а во превод од словенечки на Дарко Спасов („Три“)
II место: „The Game“ од Алесандро Барико, со илустрации на Сара Белтраме и Томазо Видус Розин, а во превод од италијански на Живко Грозданоски („Антолог“)
III место: „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча („Чудна шума“)
4. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈУСПЕШЕН ДОМАШЕН АВТОР
(критериум за оваа категорија се успесите од продажбата и од популарноста, односно промовирањето на авторот во периодот меѓу двата саема; издавачот треба да приложи извештај за продажба, како и извештај за резултатите од промовирањето на авторот)
I место: Петар Андоновски („Страв од варвари“, Или-или)
II место: Билјана С. Црвенковска („Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, „Девет приказни за госпоѓица Сит“, сликовниците од серијалот „Светот на Биби“)
III место: Ана Јовковска („Сакам, значи постојам“, Три)
5. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ
(во оваа категорија влегуваат оригиналните детски интерактивни книги, боенки за возрасни, како и останати нестандардни изданија, а ќе се оценува иновативниот пристап)
I место: илустрираниот роман „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча (Чудна шума)
II место: сликовницата „Уципуци си го бара домот“ од Зане Зуста („Антолог“)
III место: „Планум креативност“ и „Планум продуктивност“ од Александра Шаровиќ Атанасовска („Паблишер“)
6. ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
(издавачот треба да приложи проект или листа на проекти за корпоративна општествена одговорност со опис и резултати од истите)
I место: „Карантински приказни“ на „Три“
II место: Повеќекратните донации на „Арс ламина“
III место: Кампањата на „Чудна шума“ за донирање 50% од средствата од продажбата на е-книгата „Шах со Бах“ за арт и музикотерапија за деца со посебни потреби во рамки на Детскиот креативен центар во МКЦ
7. СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОТОР НА ЧИТАЧКАТА КУЛТУРА
(комисијата ќе избере поединец – новинар, критичар, блогер, инфлуенсер на социјални мрежи – или организација – издавач, библиотека или друга организација – кои во периодот меѓу двата саеми се истакнале со својот труд во промоција на читачката култура; издавачите можат да дадат и свои предлози)
I место: Кампањата „Читањето е супермоќ“ на „Арс ламина“
8. ПРИЗНАНИЕ ЗА ИНОВАТИВНОСТ
(издавачот треба да приложи објаснување за имплементација на иновативно решение, нова практика во работењето или напредна технологија)
I место: Електронската апликација на Kniga.mk на Издавачкиот центар „Три“
II место: Иновативните активности на Арс ламина за приспособување на кризата и префрлање на активностите онлајн
III место: Бесплатното електронско списание „Чудна шума“
Комисија:
Тони Димков, новинар
Иван Шопов, писател
Наташа Атанасова, МАИ














