• ДОМА
  • ЗА НАС
  • НОВОСТИ
  • За медиумите
Стани член
  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • НОВОСТИ
  • За медиумите
Стани член

Македонска асоцијација на издавачи (МАИ)

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) е независно, непрофитно и доброволно здружение, кое организирано работи на стручно оспособување и усовршување на своето членство.

Во здружението членуваат издавачи кои доброволно пристапуваат во него, го имаат прифатено неговиот статут и работат со заеднички цели и интереси во областа на унапредување на издаваштвото, производството на книги, нивна дистрибуција и продажба. За постигнувањето на овие цели, работата на здружението е јавна. Тоа се остварува преку навремено, целосно и вистинито информирање на своето членство и на пошироката општествена јавност за прашања од делокругот на работата на здружението.

Од нашиот статут

Најважните цели и задачи на здружението, истакнати во Статутот на МАИ, се следниве:

  • Поттикнување на соработка помеѓу издавачите и книжарите.
  • Промовирање и заштита на професионалните интереси на издавачите во односите со државните органи и организации при донесување на законски и подзаконски акти кои се однесуваат на издавачката и книжарската дејност.
  • Унапредување на условите и начинот на продажба на книгите.
  • Грижа за спроведување на целата законска регулатива поврзана со издавачката и книжарската дејност.
  • Организација на саемски манифестации, изложби и комерцијални презентации во земјата и странство.
  • Промовирање на кодекс на однесување помеѓу издавачите и книжарите во смисла на коректна меѓусебна соработка.
  • Имплементација на стандарди за редакциска работа.
  • Промовирање на солидарност помеѓу членовите на здружението.
  • Развивање и унапредување на меѓусебните односи помеѓу членовите на здружението и останатите учесници во производството и пласманот на книги, пред сè фабриките за хартија, печатниците и трговските и книжарските друштва.
  • Информирање на издавачите и книжарите во Македонија и странство.
  • Застапување на издавачите и книжарите пред државните органи.
  • Унапредување и афирмација на издаваштвото и книжарството во Македонија.
  • Грижа за изедначување на условите на пазарот за сите учесници во него.
  • Подобрување на книжарската мрежа во државата и грижа за нејзино снабдување и пласман на домашна и странска литература.
  • Организација на семинари и едукација на кадри за работа во книжарството и друго.

Членство

Издавачки центар „Три“

Основач

www.kniga.mk

Издавачка куќа „Арс ламина“

Основач

www.literatura.mk

Издавачка куќа „Полица“

Основач

www.polica.mk

Издавачка куќа „Култура“

Основач

www.kultura.mk

Книжевен центар „Антолог“

Член

www.antolog.mk

Издавачка куќа „Топер“

Член

www.toper.mk

Издавачка куќа „Сакам книги“

Член

www.sakamknigi.mk

Издавачка куќа „Бата прес“

Член

www.batapres.mk

Издавачка куќа „Едука мак“

Член

www.edukamak.mk

Издавачка куќа „Ѓурѓа“

Член

www.mojakniga.mk

Издавачка куќа „Мартина“

Член

www.martina.mk

Издавачка куќа „Паблишер“

Член

www.publisher.mk

5

години

Целосно посветени

на издаваштвото во С. Македонија

Раководство

Бојан Саздов

Претседател

Главен уредник на издавачкиот центар „Три“

IMG_44523
Jove Todorovski

Јове Тодоровски

Заменик-претседател

Директор на издавачката куќа „Полица“

Изработено од Импакта 2021 r.